Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Драмски театар Скопје денеска одбележува 60 години од свеченото отворање на „новата наменска зграда во населбата Карпош“ на 4. март 1965 година.
Објектот е донација на Владата на Велика Британија како еден од симболите на меѓународната солидарност во напорите да се обнови Скопје по катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година.
Драмски театар Скопје денес обележува 60 години од свеченото отворање на „новата наменска зграда во населбата Карпош“ на 4. март 1965 година. Netpress
Уште летото 1964 година, ансамблот се збогатува со 12 истакнати актери и режисери: Тодорка Кондова-Зафировска, Нада Гешоска, Димитар Гешоски, Милица Стојанова, Крум Стојанов, Ацо Јовановски, Мара Исаја, Јон Исаја, Дарко Дамевски, Вукан Диневски, Драги Крстевски-Амфи и Кирил Ќортошев.
Во аналите на театарот е запишано дека: „Во годините што следуваат по вселувањето во објектот, Драмски театар Скопје има чест да соработува со највлијателните македонски драматуршки имиња како: Коле Чашуле, Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, Миле Поповски, Венко Андоновски, Сашко Насев, Жанина Мирчевска, Дејан Дуковски, Југослав Петровски. Telma
Драмски театар Скопје денес обележува 60 години од свеченото отворање на „новата наменска зграда во населбата Карпош“ на 4. март 1965 година.
Објектот е донација на Владата на Велика Британија како еден од симболите на меѓународната солидарност во напорите да се обнови Скопје по катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година. Kanal5
Во аналите на театарот е запишано дека: „Во годините што следуваат по вселувањето во објектот, Драмски театар Скопје има чест да соработува со највлијателните македонски драматуршки имиња како: Коле Чашуле, Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, Миле Поповски, Венко Андоновски, Сашко Насев, Жанина Мирчевска, Дејан Дуковски, Југослав Петровски.
Во Драмски режирале Љубиша Георгиевски, Владимир Милчин, Слободан Унковски, Димитар Станковски, Коле Ангеловски, Сашо Миленковски, Александар Поповски, Златко Славенски, Срѓан Јаниќијевиќ, Зоја Бузалковски, Дејан Пројковски, Деан Дамјановски, Нела Витошевиќ, Јане Спасиќ. Plusinfo
Драмски театар е промотор на неколку важни уметнички тандеми меѓу режисер и автор: Стефановски–Унковски, Плевнеш-Георгиевски, Чашуле-Георгиевски, Насев-Станковски, Миленковски-Андоновски“.
Драмски театар Скопје во изминатите 60 години со посветеност и грижа кон својот објект функционира како една од највлијателните национални установи од културата во Република Македонија и веќе ги започнува подготовките за одбележување на 80 години од своето постоење кое со низа активности ќе го прославува во наредната 2026 година. Plusinfo
Драмски театар Скопје во изминатите 60 години со посветеност и грижа кон својот објект функционира како една од највлијателните национални установи од културата во Република Македонија и веќе ги започнува подготовките за одбележување на 80 години од своето постоење кое со низа активности ќе го прославува во наредната 2026 година.
Од Драмски театар Скопје информираат дека вечерва во 20 часот се игра претставата „За нас почнува живот“ и воедно ја покануваат публиката да ја искористи можноста во месец март да ги проследи претставите од редовниот репертоар на театарот по промотивна цена од 1.600 денари за купување на блок билети со по пет претстави. Nezavisen
И покрај тоа што е замислена како привремен дом, театарот во оваа зграда опстојува и денес. Plusinfo
Во Драмски режирале Љубиша Георгиевски, Владимир Милчин, Слободан Унковски, Димитар Станковски, Коле Ангеловски, Сашо Миленковски, Александар Поповски, Златко Славенски, Срѓан Јаниќијевиќ, Зоја Бузалковски, Дејан Пројковски, Деан Дамјановски, Нела Витошевиќ, Јане Спасиќ.
Но, режирале и гости од странство: Вили Цанков, Жарко Петан, Паоло Маџели, Вито Тауфер, Владлен Александров, Лилија Абаџиева, Д.В. Мофет. Plusinfo
Режисер е Тодорка Кондова-Зафировска, сценограф Миле Станковиќ, костимограф Рада Петрова-Малкиќ, избор на музиката Томислав Зографски.
Во претставата играле: Тома Видов, Нада Гешоска, Видосава Грубач, Дарко Дамески, Ленче Делова, Вукан Диневски, Самоил Дуковски, Ангелина Ивановска, Иванка Зенделска, Ацо Јовановски, Милица Стојанова/Снежана Михајловиќ, Стево Спасовски, Крум Стојанов, Кирил Ќортошев и Благој Црвенков. Netpress
Регулаторната комисија за енергетика да изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија и да воведе задолжително месечно отчитување на броилата, бара Инженери на Република Македонија (ИНРМ). Како што сооопшти денеска ИНРМ, со воведувањето на блок-тарифите на 1 јули 2022 година РКЕ изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија, предвидувајќи квартално наместо годишно отчитување на броилата.
Инженери на Република Македонија (ИНРМ) бараат од Регулаторната комисија за енергетика да изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија и да воведе задолжително месечно отчитување на броилата Како што сооопшти денеска ИНРМ, со воведувањето на блок-тарифите на 1 јули 2022 година РКЕ изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија, предвидувајќи квартално наместо годишно отчитување на броилата.
Киев разочаран по одлуката на САД да ја паузираат воената помош, украински пратеник вели - Не можеме поверуваме.
Американскиот претседател Доналд Трамп нареди привремено запирање на воената помош за Украина, неколку дена по состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба, потврди висок функционер на Белата куќа.
Британскиот премиер Кир Стармер на денешниот состанок со европските лидери истакна дека добар мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа.
Велика Британија се огради од предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за ограничено почетно едномесечно примирје меѓу Русија и Украина, додека Киев изрази резервираност во врска со прекинот на борбите без безбедносни гаранции, пишува „Фајненшел тајмс“.
Франција и Велика Британија предлагаат едномесечен прекин на огнот во Украина „во воздух, на море и на енергетската инфраструктура, изјави синоќа францускиот претседател Емануел Макрон.