Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго вечерва во 21 часот ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“.
Со него ќе настапи и Марија Хозе Сири – една од водечките сопрани во светот, заедно со оркестарот на Македонската опера и балет. Netpress
Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба.
Со голем ентузијазам и воодушевување успшено заврши првата проба. Kanal5
Првиот ќе биде со дела од италијанската музичка литература, а вториот дел ќе биде проткаен со шпанското музичко творештво и со неколку арии од оперетите на Штраус и Лехар.
Концертот го организира Македонската опера и балет со „Прагма продукција“, а со поддршка од Министерството за култура и туризам. Netpress
Доминго е вториот од Тројцата тенори кои дојдоа во Македонија – по настапот на Хозе Карерас на „Охридско лето“ во 2005 година, кој беше гала настан за паметење.
Куриозитет е што Доминго во Скопје ќе настапи со оркестарот на Националната опера и балет, што е реткост. Nezavisen