Telma
Особенo ценет за неговиот префинет стил при изведбите и извонредната музикалност, Нацоски во изминатите години бележи огромни успеси во Миланската скала, Њујорк, Токио, Париз, Парма, Бангкок, Макао, Неапол, Валенсија… Кариерата на Нацоски започнува во 2003 со настапот на сцената на Римската опера (Teatro dell’Opera di Roma), како прв Македонец што воопшто настапил во оваа престижна оперска куќа.
Од таму неговата кариера рапидно се шири низ целиот свет, настапувајќи во најпрестижните театри како „Сан Карло“ во Неапол, „Реџо“ во Парма, Операта во Каљари, „Верди“ во Трст, „Карло Феличе“ во Џенова, Операта во Сасари, Цирих Опернхаус, Баварската државна опера од Минхен, Операта во Франкфурт, Државната опера во Штутгарт, Кралската опера „Ла Моне“ во Брисел, Канадската опера во Торонто, Операта во Сиетл, Националната опера во Прага, Операта во Лимож, Гран театарот во Екс Ан Прованс, Театарот Бунка Каикан во Токио, Сантори хол во Токио, Рјутопиа центарот во Ниигата, Национална опера во Варшава, Градскиот театар во Клагенфурт, Националната моравска опера во Острава, како и Фестивалите во Салцбург, Мишколц и Халвил, пеејќи главни тенорски ролји. Telma