„Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик”, изјави Сотирис Минас, кој дојде од Атина специјално за настанот „Македонско-грчки поетски координати” во рамките на второто издание на Деновите на поезијата кои, во организација на фондацијата Ацо Шопов – завршија вчера во книжарницата Литаратура.мк во Скопје Сити Мол. Trn
Говореа за Рацин и Полидури, за Конески и Валетас, за Шопов и Рицос, за Урошевиќ и Гогу, за Ѓорѓо Димоски и Џиџа, за Танчевa-Златева и Думба и за многу други грчки и македонски поети кои граделе и градат мостови помеќу двете соседни култури.
Минас прочита негови препеви од грчката поезија на македонски јазик, како и негови препеви од македонската поезија на грчки јазик, мешу кои и извадок од книгата На Грамос, од Ацо Шопов, поради која на времето, на нашиот поет му бил забранет влез во соседната земја. Ekran