Три лингвистички изданија промовираше денеска издавачката куќа „Бата прес“ во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во рамки на одбележувањето 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик: прв том од Правописно-нормативен речник на македонскиот стандарден јазик од група автори, „Јазично огледало“ (книга прва) на проф. д-р Васил Дрвошанов и „Лексиката на македонските автори“ од проф. д-р Елена Јованова-Грујовска и проф. д-р Весна Костовска.
Во рамките на обележувањето на Осумдесетгодишнината од кодификацијата на македонскиот јазик, во вторник на 27 мај, во 11 часот, во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе бидат промовирани 3 книги, изданија на „Бата прес“: првиот том од „Правописно-нормативен речник на македонскиот јазик“ од група универзитетски професори, „Јазично огледало, 1“ од универзитетскиот професор Васил Дрвошанов и „За лексиката на македонските автори“ од универзитетските професори Елена Јованова-Грујовска и Весна Костовска.