Во рамки на OFF-програмата на „YES ФЕСТИВАЛ“, во организација на издаваштвото „Чудна шума“, а 28 мај, во 20 часот, во „Буква“ ќе се одржи промоција на романот за возрасни млади (young adult) „Денови на Блуграс-љубов“ од холандскиот автор Едвард ван де Вендел и разговор со него. Trn
Промоцијата ќе се одржи во рамки на OFF-програмата на „YES ФЕСТИВАЛ“ – новитет кој годинава го воведува „Чудна шума“ – книжевни вечери и за младата (над 18 години) и возрасна читателска публика.
„Денови на Блуграс-љубов“ е првпат издадена во Холандија во 1999 година и оттогаш доживува преводи на многу јазици и ревидирано издание. Republika