Во рамките на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик, односно на 80-годишнината од прогласувањето на македонската азбука, во вторникот во македонската амбасада во Брисел се отвори изложба на ликовни дела на Славко Јаневски, истакнат македонски раскажувач, романописец, поет, филмски сценарист, есеист и сликар.
Со пригодни обраќања, читање на стихови од поезијата на Блаже Конески и Славко Јаневски и настап на групата Љубојна синоќа во Брисел беше одбележана 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.