Со пригодни обраќања, читање на стихови од поезијата на Блаже Конески и Славко Јаневски во Брисел беше одбележана 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.– Овој ден не е само симбол на јазична норма, туку и на културна самобитност, бидејќи јазикот не е само средство за комуникација, туку и простор во кој се вградени мислите, чувствата и колективната меморија на еден народ, истакна во воведното обраќање на настанот вршителката на работите во Македонската амбасада во Белгија, Сузана Мехмеди.
Овој ден не е само симбол на јазична норма, туку и на културна самобитност, бидејќи јазикот не е само средство за комуникација, туку и простор во кој се вградени мислите, чувствата и колективната меморија на еден народ, истакна во воведното обраќање на настанот вршителката на работите во Македонската амбасада во Белгија, Сузана Мехмеди.