За 2025 приоритетна книжевна категорија ќе биде прозата (фикцијата) и ќе опфаќа: романи, збирки раскази, есеистика, дневници и сл. Следната година приоритетен вид ќе биде поезијата и ќе опфаќа поетски дела во превод објавени во периодот од 1 јули 2024 година до 30 јуни 2026 година.
Во 2027 приоритетна категорија ќе биде книжевноста за деца и ќе може да се конкурира со книги за деца во превод (сликовници, раскази, поезија, романи за деца и млади) објавени во периодот од 1 јули 2024 година до 30 јуни 2027 година. Republika