Европското жири на фестивалот, за Париз и Берлин, во состав Фроса Пејоска-Бушро, претседател, Фредерик Фапани фон Лотринген, Ив Русле, Мадалина Вартенжану-Жобер и Игор Станковиќ, наградата за најдобар филм исто така му ја додели на унгарскиот „Мастергејм“, што истовремено доби и награда за најдобра режија.
Наградата за најдобар актер ја доби Африм Мучај од македонскиот филм „Сите го викаат Реџо“ – Ибрахи Деари, а за најдобра актерка – Шенгин Исмајили од косовскиот филм „Окарина“ и Сара Климоска од македонскиот филм „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов, што исто така ја понесе и наградата за најдобар дебитантски филм. A1on