Фото: З.А. Со посета на спомен обележјето и споменикот на планината Лопушник беше одбележана 82-годишнината од смртта на големиот поет и револуционер Коста Солев Рацин.
Со положување свежо цвеќе на спомен-обележјата на Коста Солев Рацин, денеска во Велес свечено беа отворени 62. „Рацинови средби“, традиционалната културна манифестација посветена на животот и делото на еден од најзначајните македонски книжевници, револуционери и мислители.Годинава, манифестацијата се одржува во знакот на преломното историско време во кое твореше Рацин , период во кој македонскиот народ се бореше за својата национална афирмација, политичка култура и слобода.