На поетот Славе Ѓорѓо Димоски и српската поетеса Радмила Лазиќ денеска им беа врачени наградите „Книжевен жезол“ за 2025-та кои традиционално ги доделува Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во рамки на поетската манифестација „Празник на липите“.
Наградите на лауреатите им ги врачија претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на ДПМ, Живко Гроздановски.
Кон свеченоста на настанот со своето присуство особено ќе придонесе претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, која е ревносен поддржувач на домашната култура, и која ќе ја врачи статуетката „Книжевен жезол“ на гостинката од Србија, наведува писателската асоцијација во најавата за настанот.
На литературното читање во рамки на вториот дел од „Празник на липите“, со избран дел од своето творештво ќе се претстават дваесетина поети и прозни автори, членови на Друштвото: Мирјана Тренчева, Владимир Мартиновски, Сузана Мицева, Јусуф Сулејман, Гордана Јовиќ-Стојковска, Милчо Мисоски, Искра Донева, Каљош Челику, Даниела Андоновска-Трајковска, Лулзим Хазири, Фима Клетникова, Борче Панов, Лејла Шериф Емин, Бранко Прља, Вања Изова-Велева, Дејан Трајкоски и Љубинка Донева. Skopjeinfo
Наградата на поетот Славе Ѓорѓо Димоски ќе му ја додели претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Живко Грозданоски.
Кон свеченоста на настанот со своето присуство особено ќе придонесе претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, која е ревносен поддржувач на домашната култура, и која ќе ја врачи статуетката „Книжевен жезол“ на гостинката од Србија, наведува писателската асоцијација во најавата за настанот. Vistina
Вториот настан, на 13 јуни, ќе биде литературно читање на кое со одбран дел од своето творештво ќе се претстават дваесетина поети и прозни автори, членови на Друштвото: Мирјана Тренчева, Владимир Мартиновски, Сузана Мицева, Јусуф Сулејман, Гордана Јовиќ-Стојковска, Милчо Мисоски, Искра Донева, Каљош Челику, Даниела Андоновска-Трајковска, Лулзим Хазири, Фима Клетникова, Борче Панов, Лејла Шериф Емин, Бранко Прља, Вања Изова-Велева, Дејан Трајкоски и Љубинка Донева.
По читањето ќе бидат доделени и наградите на тројцата победници на анонимниот конкурс што Друштвото традиционално секоја година го организира на оваа манифестација, а кој оваа година е тематски и се однесува на кратки книжевни форми, раскази и поезија „Помеѓу пејзажот и бетонот“. Republika
Посочи и дека Радмила Лазиќ е „пресвртна точка во современата српска поезија“ затоа што во нејзиното творештво „не се среќаваат вообичаените поетски канони“.
Таа е еден вид реформатор, придвижувач, човек кој, со голема почит кон традицијата, сака да внесе нешто ново и преку поезијата да каже нешто битно за животот и за меѓучовечките односи … Таа се буни против лажната примена на моралните норми и лажните идеали во провинцијалниот ум што владее насекаде во светот … таа е на некој начин и феминист и го покажала тоа и со многу нејзини општествени активности, и во поезијата на некој начин ја брани позицијата на жената – рече академик Ќулавкова. Plusinfo
За творештвото на Славе Ѓорго Димовски (Велестово, 1959) говореше Зоран Јакимовски, кој го истакна придонесот на наградениот поет и преведувач во македонската литература, уште со неговата прва поетска книга „Гравири“ во 1979 година, како и со иницијативата за основање на „Поетска ноќ во Велестово“ која, рече Јакимовски, е поетска и културна метропола. Republika
Фото: ДПМ На традиционалната меѓународна книжевна манифестација „Празник на липите“, отворена денеска напладне во Друштвото на писателите на Македонија, беа врачени наградите „Книжевен жезол“ на Славе Ѓорѓо Димоски и на Радмила Лазиќ. Novamakedonija
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Заблагодарувајќи се за наградата, Славе Ѓорго Димовски истакна дека е почестен бидејќи наградата му ја доделува еснафот – Друштвото на писателите на Македонија.
Еснафот и вашето присуство ме ставаат веќе во некои митски рамки. Republika
Се заблагодарувам многу, Македонија е мојата љубов и втора татковина.
Тука ми се најдобрите пријателки, некои од нив си заминаа, а добив и нови. Republika