„Златната Пеперутка“ е еколошка авантура за целото семејство, сместена во волшебна џунгла каде што нашите јунаци се соочуваат со предизвици, опасности – и важни животни избори.
Проектот насловен „Златната Пеперутка“ на Цветановски е селектиран за учество на реномираниот Анимациски форум за Централна и Источна Европа (CEE Animation Forum 2025), кој ќе се одржи во Плзењ, Чешка, од 4 до 6 ноември 2025 година. 24info