Добитник е на наградата „Денес“ (2008), наградата за вајарство доделена од ДЛУМ (2017), наградата за нови медиуми доделена од ДЛУМ (2020) и беше претставник на Р. Македонија на интернационалниот натпревар на VII Франкофонски игри во Ница, Франција (2013). Остварила уметнички престои во Истанбул (2025); Тирана (2024); Њујорк, САД (2022); CreArt, Скопје (2020); Папрадиште, Солунска глава (2019); Тирана и Корча, Албанија (2019); Берлин, Германија (2018); Париз, Франција (2014); Виена, Австрија (2011); Њујорк, САД (2009). Нејзината уметничка практика се базира на работа во различни медиуми и нивна комбинација: инсталација, слика, скулптура, видео, перформанс, цртеж. Trn