A1on
Има остварено настапи во некои од најпрестижните концертни сали во светот како „Карнеги Хол“, сцените во Хамбург, Париз, Минхен, Франкфурт, како и во салите на Берлинската филхармонија, и концертните сали во Виена и Салцбург.
Настапува на реномирани фестивали како што се оној во Луцерн и Рајнгау, Клавирскиот фестивал „Рур“, а од оркестрите со кои настапува како солист се издвојуваат: „Моцартеум“ од Салцбург, „Тонхале“ во Цирих, Минхенскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар во Базел, со диригентите како: Елим Чан, Михаел Франсис, Хауард Грифитс, Пиетари Инкинен, Јун Меркл, Корнелиус Мајстер, Сер Роџер Норингтон, Ева Оликаинен, Александар Шели и Марио Вензаго. A1on