Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер утревечер на Античкиот театар ќе биде отворено годинешното 65-то издание на најголемата и најпознатата музичко сценска манифестација во земјата, Фестивалот „Охридско лето“. Kanal5
Програмата предвидува и претстава за деца, како и два џез-концерти меѓу кои еден на познатиот охридски уметник Дамјан Пејчиновски, како и настап на Националниот џез оркестар со големата ѕвезда Шеон Кути, како обид на фестивалот да ја збогати понудата и да се допре и до најсофистицираните уметнички уживатели.
На 3 август е мега-спектаклот „Кармина Бурана - Симфонија на Битовите“ со повеќе од 70 уметници на сцена. Sitel
Целата програма за годинешното „Охридско лето“ е објавена на фестивалската интернет-страница, билетите за сите настани можат да се набават и по електронски пат, како и на билетарниците на „Охридско Лето“ во Охрид.
Фестивалот „Охридско лето“ се одржува под покровителство на Претседателот на државата, со поддршка на Министерството за култура и Општина Охрид, како и голем број спонзори, помагатели и пријатели на фестивалот. Skopjeinfo