Оваа прес-конференција ја свикавме, би рекол за еден историски договор кој влегува во собраниска процедура, од повеќекратно значење за Македонија, за нејзиниот политички и економски развој, а тоа е договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, изјави Никола Мицевски, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“„Имам особена чест и задоволство да ве информирам дека пред точно еден час, започна Комисијата за надворешни работи на Собранието каде точка на дневен ред е токму Предлог законот за ратификација на договорот меѓу владата на Обединетото Кралство и Македонија“, додаде Мицевски истакнувајќи дека овој договор е историски чин за Македонија, затоа што претставува цврст темел за односите со една од најголемите светски сили и мотор на финансиите, науката и иновациите.„Овој договор е основа на едно стратешко поврзување со една од најмоќните политички и економски сили во светот.
Само што пристигна во Собранието – Предлог на законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерството за реализација на инфраструктурните проекти.
Добивај вести на Viber Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски попладнево на Фејсбук објави дека во Собранието пристигнал Предлог на законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерството за реализација на инфраструктурните проекти.