„Крстена вода” е најновата албумска објава на Крсте Роџевски, издание на чикашката етикета Port Of Entry 3901, објавено во форма на винил и во дигитален формат: Станува збор за дванаесет нови песни, претставени во отскриена, сува, наивна форма, снимени како соло настап во живо, во студиото Bunker во Њујорк.
Крсте Роџевски е комплетен автор на сите текстови и композиции, негови се сите вокали, а ги свири и сите инструменти на албумот (акустична гитара, усна труба, удиралки, теренски снимки…). Албумот е снимен од Aaron Nevezie, миксан од Ben B. Goss, а мастериран од Michael Fossenkemper во њујоршкото TurtleTone Studio.