9 јуни, Прилеп: Човечките приказни не треба да се оддалечуваат од луѓето и од непосредноста.
Прилеп имал, има и ќе има театарски уметници, а приказната за театарскиот Прилеп ја раскажуваме низ чаршијата, надвор од стерилните услови во институциите, рече Ана Стојаноска, уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински на синоќешното отворање на „Музејот во движење“ на платото пред Градскиот саат.