Пред неколку дена успешно заврши снимањето на официјалната химна на претстојниот Европски Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, која е во изведба на познатите македонски пејачи Александар Тарабунов, Сара Мејс, Јанг Дади и Лара Иванова.
За промоција на фестивалот беше создадена песна, која ќе биде заштитен знак на годинашниот ЕМОФ, а музиката и текстот пренесуваат силна порака за младинско единство, неисцрпна спортска енергија и непроменливиот олимписки дух што го карактеризира долгочекуваниот спортски спектакл.