Влезната врата, според полицискиот извештај, притоа, била „необезбедена и отворена“, а на имотот се пронајдени и две здрави кучиња, пренесува „Јаху ентертејнмент“ (Yahoo Entertainment). Во првичните наоди, се наведува дека смртта на Хакман (95) и Аракава (63) била „доволно сомнителна по природа“ за да има темелна проверка и истрага, објави „Пипл“ (People). Телото на Аракава, инаку пијанистка, се наоѓало во бањата. Sitel