Компанијата БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип, подружница Рудник Тораница, Крива Паланка, е казнета со 200 илјади евра поради инцидент во кој дошло до пукање на цевка, преку која се транспортира технолошка вода од седиментацискиот базен за рударски води до постројката за флотација.
По извршен вонреден инспекциски надзор на ден 24.03.2025 година, од страна на Државниот инспекторат за животна средина, утврдено е дека од страна на БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка согласно член 212-ж став (1) точка 16 и став (2) од Законот за животна средина е сторен прекршок од трета категорија при што гореименуваниот сторител е согласен за поведување на постапка за спогодување согласно Законот за животна средина пред Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање.