Клиперс поведоа со 2-1 во четвртфиналната серија против Денвер Нагетс откако во првиот меч на домашен терен славеа со 117-83. Шампионот од 2023 година немаше апсолутно никакви шанси на овој натпревар, уште во првата четвртина прими 35 поени, а на полувреме се замина со убедлива предност на домашниот тим од 65-47. Кога стана јасно дека Денвер нема шанси, тренерот Аделман во вториот дел ги одмори главните играчи, па Клиперс славеа со 34 поени разлика.
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс го победија Денвер Нагетс со резултат 117:83 минатата ноќ.