Европскиот суд денеска ќе донесе одлука дали Европската комисија била во право кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу претседателката Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на производителот на вакцини „Фајзер“ Алберт Бурл.
Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла за набавката на вакцини против Ковид-19 за Унијата, оцени денеска Основниот суд на ЕУ. Според оценката на Судот со седиште во Луксембург, Европската комисијата „не дала веродостојно објаснување за да го оправда“ одбивањето на барањето на новинарот за пристап до текстуалните пораки.
Европскиот суд на правдата в среда треба да ја донесе одлуката за СМС пораките кои претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен ги разменила со директорот на фармацевтската компанија „Фајзер – Бионтек“, Алберт Бурла, со која Брисел во 2021 година потпиша договор за набавка на 1,8 милијарди вакцини против Ковид-19, вреден милијарда евра.