ИЗРАЕЛ ГИ ПРИФАТИ УСЛОВИТЕ ЗА ПРИМИРЈЕ ВО ГАЗА Трамп апелира до Хамас, „Прифатете, за доброто на регионот“ Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Катар и Египет, кои вложија значителни напори за постигнување мир, ќе го презентираат конечниот предлог за примирје во Газа.
Израел се согласи на „неопходните услови“ за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Газа, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе Би-Би-Си. Во објава на Truth Social, Трамп рече дека за време на предложеното прекин на огнот САД ќе „соработуваат со сите страни за да се стави крај на војната“.
„Израел се согласи со потребните услови за конечен, 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да ја завршиме војната“, рече Трамп преку социјалните медиуми.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска потврди дека очекува да отпатува во Вашингтон следната недела на средби со американскиот претседател Доналд Трамп и други високи функционери.