Скарлет Јохансон официјално стана најбогатата главна актерка во историјата на Холивуд кога станува збор за заработка од бокс-офисот.
40-годишната американска ѕвезда ги надмина своите колеги од кинематографскиот универзум на Марвел, Семјуел Л. Џексон и Роберт Дауни Џуниор, и стана главна актерка со најголема заработка на бокс-офисот за време на продолжениот викенд по повод Денот на независноста во САД.