Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека се обидува да договори телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп поради големите протести што се одржуваат во тој град бидејќи дека сака Трамп „да ја разбере важноста на она што се случува во Лос Анџелес“.
Полицијата во Лос Анџелес почна да апси луѓе во центарот на градот доцна во вторникот, додека групи се собираа кршејќи го ноќниот полициски час по петтиот ден протести против строгата имиграциска политика на Доналд Трамп.
Facebook / Donald J. Trump Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека „странски непријатели“ го напаѓаат Лос Анџелес, каде што беснеат немири од петокот откако неговата администрација започна серија рации за имиграција, велејќи дека нема да дозволи беззаконието да продолжи.
Тој предупреди дека таквиот потег ќе го зголеми социјалниот притисок и ќе предизвика јавни нереди.