Свршеницата на еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, го гледаше финалето на Лигата на нации во тесен фустан кој ги истакнуваше сите нејзини облини, но и ги наведе многумина да се запрашаат дали е бремена… Георгина е позната по тоа што сака да ја покажува својата прекрасна фигура и да привлекува внимание со своите модни избори, како на пример на црвениот тепих за прославата на 10-годишнината од Netflix Spain во Мадрид.
Георгина Родригез го гледаше финалето на Лигата на нации во кое Португалија ја победи Шпанија по изведување на пенали, а нејзиното стомаче привлече посебно внимание на трибините, а луѓето на социјалните мрежи се прашуваа дали инфлуенсерката е повторно бремена.