Џорџина Родригез , долгогодишната партнерка на Кристијано Роналдо , присуствуваше на финалето на Лигата на нации на стадионот „Алијанц Арена“, каде што Португалија ја победи Шпанија на пенали.
Свршеницата на еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, го гледаше финалето на Лигата на нации во тесен фустан кој ги истакнуваше сите нејзини облини, но и ги наведе многумина да се запрашаат дали е бремена… Георгина е позната по тоа што сака да ја покажува својата прекрасна фигура и да привлекува внимание со своите модни избори, како на пример на црвениот тепих за прославата на 10-годишнината од Netflix Spain во Мадрид.