Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го цени извинувањето на Илон Маск, соопшти денес Белата куќа, неколку часа откако милијардерот изрази жалење за некои објави што ги објави на социјалните мрежи минатата недела.
Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека се обидува да договори телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп поради големите протести што се одржуваат во тој град бидејќи дека сака Трамп „да ја разбере важноста на она што се случува во Лос Анџелес“.
Илон Маск напиша на Твитер дека се извинува што „отишол предалеку“ во критиките кон претседателот Трамп, а според извори за „Аксиос“, изјавата следела по телефонскиот разговор со Трамп доцна во понеделникот.
ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА Е РАЗОЧАРАН И ОД РУСИЈА И ОД УКРАИНА На американскиот претседател му е криво што не се постигнал договор Претседателот на САД, Доналд Трамп, неколкупати тврдеше дека доколку повторно стане претседател, ќе стави крај на војната „во рок од 24 часа“, но не даде конкретни детали како би го постигнал тоа.