Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган денес во телефонски разговор со американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека Анкара е подготвена да посредува во решавањето на спорот околу нуклеарната програма на Иран, што доведе до конфликт меѓу Израел и Иран, соопштија од Кабинетот на Ердоган.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати јасен повик до сириските власти да не се мешаат во растечкиот конфликт на Блискиот Исток, велејќи дека „спиралата на насилство предизвикана од Израел го загрозува целиот регион“.Во телефонски разговор со Фајсал ал-Шара, висок сириски функционер, Ердоган ја нагласи важноста Дамаск „да се држи подалеку од оваа конфликтна средина“.Ердоган, исто така, предупреди дека сириските власти мора да бидат повнимателни во врска со активностите на терористичките групи, особено во време на зголемени тензии.