Одржувањето на вашиот дом ладен е предизвик за време на летните горештини, а ако немате клима уред или вентилатор, неколку растенија можат да ви помогнат да ја разладите просторијата во која престојувате.Всушност, експерт за внатрешен дизајн од „Сквер Фет Стори“ сподели природен начин за разладување на вашиот дом со едноставно додавање на неколку собни растенија.
Одредени собни растенија можат да ја променат температурата во вашата соба преку процес наречен транспирација, што е кога растенијата испуштаат водена пареа во воздухот преку нивните лисја.