Банана залепена на ѕид, провокативно дело на концептуалниот италијански уметник Маурицио Кателан, купил инвеститор во криптовалути за 6,2 милиони долари на аукција во Њујорк во средата, објави аукциската куќа Sotheby’s. Уметничкото дело кое може да се јаде „Комичар“ првпат беше претставено во 2019 година на изложбата „Art Basel“ во Мајами, што предизвика контроверзии и дебати околу тоа дали воопшто треба да се смета за уметност, што беше целта на Кателан. Netpress