Добивај вести на Viber Потрагата по исчезнатата Марија Брзакова, родена на 5-ти април 1991 година и понатаму е отворена, но од жената нема ниту трага ниту глас и по пет години од исчезнувањето.
Брзакова исчезната на 18-ти јануари 2020 година во село Босилово, Струмица, и нејзина слика со кратки информации за исчезнувањето се уште се објавени на веб странта на Министерството за внатрешни работи.Но, по петте години исполнети со неизвесност и недостаток на одговор, каде е Марија, за „Фокус“ се огласи нејзината мајка, која во детали раскажуваше за животот на нејзината ќерка.