Бруклин Бекам, синот на Дејвид и Викторија Бекам, наводно решил да се дистанцира од своето семејство и да ја прекине комуникацијата со нив.Имено, според извори блиски до семејството, Бруклин веќе некое време не одговара на пораките на своите родители.„Бруклин му кажал на семејството дека не сака никаков контакт и не одговара на оние кои се обидуваат да му пристапат“, изјавил извор за списанието „Пејџ Сикс“.Патем, гласините за несогласувања во рамките на познатото семејство кружат веќе некое време, но се чини дека односите дополнително се заладија неодамна, кога Бруклин ги игнорираше обидите да контактира со своето семејство.
Семејната драма на семејството Бекам веќе подолго време ги полни сите насловни страници на светските медиуми.