Познатиот босанско-херцеговски уметник Јосип Пејаковиќ почина синоќа на 78-годишна возраст.
Информацијата за неговата смрт ја објави неговиот син Дејан Пејаковиќ, а бројни уметници и културни работници се збогуваат со овој голем човек со емотивни пораки на социјалните мрежи.
Неговиот богат опус вклучува повеќе од 50 премиерни улоги во Народниот театар Сараево, како и бројни улоги во филмови како „Човечкиот фактор“ и „Куќата покрај патот“, како и десетици монодрами.
Особено се истакна во претстави како што се: „За кого бијат камбаните“, „Хамлет во селото Мрдуша Доња“, „Големиот везир“, „Хасанагиница“, „Браќата Карамазови“, „Шајтаните на Пистик“, „Крал Лир“, „Диво месо“ и многу други. Nezavisen
Во последните десет години од својот живот, тој водеше тешка битка со бројни здравствени проблеми и помина низ дури 17 операции.
Роден е во 1948 година во Травник, каде што завршил основно и средно училиште. Nezavisen
Напишал и неколку монодрами и филмски сценарија, од кои најважни се: „О, животе“, „Тој нема Босна за мене“, „Човечки фактор“, „Куќа покрај патот“.Во мај 2022 година ја објавил книгата „Севдалинка“.
Од 2001 до 2003 година бил директор на Драма во Народниот театар во Сараево. Plusinfo
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
На малата сцена во Македонскиот народен театар вечер од 20.30 часот во рамки на фестивалот „Скопско лето“ премиерно ќе биде изведена претставата „Лов на дива свиња“ – македонско-црногорски проект што тематизира семејно насилство.
Енди Бајрон, основачот и извршен директор на компанијата „Астрономер“, ја однел својата шефица на одделот за човечки ресурси на концертот на популарната група „Колдплеј“, а она што следеше го откри нивниот однос.
Енди Бајрон, извршен директор на платформата за обработка на податоци „Астрономер“, беше снимен на голем екран во интимен момент со директорката за човечки ресурси на истата компанија, Кристин Кабот, за време на концерт на Колдплеј во Масачусетс.
Петок е, пладне, работен ден, надвор „пука“ летното јулско сонце, а на платото пред „До-Ре-Ми“ до скопско МКЦ насобрана голема група луѓе за промоција на книгата „Rock N` Beat“ на музичкиот новинар Михајло Грбевски-Мишко.
Книгата со наслов „Rock n` Beat“, на авторот Михајло Грбевски-Мишко, ќе биде промовирана во петок на 18 јули, со почеток во 12 часот.
Маестрална театарска игра на „Охридско лето“ донесоа синоќа извонредните актери на МНТ играјќи ја претставата „12“ работена по мотивите на теледрамата „12 гневни луѓе“ од Реџиналд Роуз, адаптирана на денешницата од режисерот Синиша Ефтимов.„12“ беше прогласена за најдобра претстава на годинашниов 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, во Прилеп и се уште влезниците за неа се најбарани од публиката во Скопје.
Маестрална театарска игра на „Охридско лето“ донесоа вчеравечер извонредните актери на Македонскиот народен театар играјќи ја претставата „12“ работена по мотивите на теледрамата „12 гневни луѓе“ од Реџиналд Роуз, совршено адаптирана на денешницата од режисерот Синиша Ефтимов.
Културата не е квота, директорите не смеат да се избират според политичка или етничка припадност, туку според стручност, визија и докажана посветеност, велат од Синдикатот на културата (СКРМ). Во објавата од СКРМ се наведува дека уште во март испратиле допис до министерот за култура и туризам Зоран Љутков, од кого бараат при изборот на директори на националните институции да не се отстапува од мерит-системот и да се избере најквалификуваниот од сите пријавени кандидати.
Вработените во Националната галерија на Македонија се незадоволни од изборот на нов директор.