Со оваа Одлука, информираше денеска Министерството за европски прашања, одобрени се 2,3 милиони евра како неповратна помош и 2 милиони евра како заем кои ќе бидат достапни преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, како и 3,7 милиони евра што го претставува преостанатиот дел од заемот наменет за директна буџетска поддршка.
Европската комисија со Одлука за спроведување го одобри првото ослободување на средства за Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, во износ од осум милиони евра.
Од нив, 2,3 милиони евра се неповратна помош, два милиона евра заем достапен преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, како и 3,7 милиони евра заем за директна буџетска поддршка.
Дополнително, предвидени се околу 3,6 милиони евра за порамнување на претходно исплатени средства како претфинансирање – информираше Министерството за европски прашања.