https://ads.sup.mk/delivery/asyncjs.php
Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека одмаздата на иранскиот режим против германските граѓани не може да се исклучи бидејќи иранските владини претставници постојано се заканувале со последици доколку санкциите бидат повторно воведени, објави Ројтерс.
„Во моментов, германската амбасада во Техеран може да обезбеди само ограничена конзуларна помош на лице место“, се вели во соопштението.
Велика Британија, Франција и Германија (Е3) во четврток започнаа 30-дневен процес за повторно воведување на санкциите на ОН врз Иран поради неговата спорна нуклеарна програма.