Обраќајќи се пред стотици воени лидери собрани од целиот свет, Трамп ги опиша „граѓанските немири“ како „непријател одвнатре“, додавајќи дека ситуацијата „нема да излезе од контрола кога вие ќе се вклучите“, пишува Би-би-си. Изјавата доаѓа откако Трамп веќе распореди сили на Националната гарда во Вашингтон, Лос Анџелес и Портланд како дел од операциите за борба Обраќајќи се пред стотици воени лидери собрани од целиот свет, Трамп ги опиша „граѓанските немири“ како „непријател одвнатре“, додавајќи дека ситуацијата „нема да излезе од контрола кога вие ќе се вклучите“, пишува Би-би-си. Изјавата доаѓа откако Трамп веќе распореди сили на Националната гарда во Вашингтон, Лос Анџелес и Портланд како дел од операциите за борба против криминалот и поддршка на спроведувањето на имиграциските закони. Министерот за одбрана Пит Хегсет исто така зборуваше на истиот настан, прогласувајќи крај на „воук-културата“ во Пентагон и најави нови, „машки“ стандарди за физичката подготвеност на воените службеници. Хегсет призна дека овој потег би можел да исклучи некои жени од службата.