Израелскиот амбасадор во Обединетите нации, Дени Данон, објави дека на денешниот состанок на Советот за безбедност на ОН посветен на израелскиот напад врз лидерите на Хамас во Доха, главниот град на Катар, ќе го пренесе ставот на неговата земја дека палестинските милитанти се легитимни цели насекаде. „Имам намера да му ставам јасно до знаење на Советот: терористите нема да имаат имунитет – ниту во Газа, ниту во Либан, ниту во Катар“, рече Данон на мрежата X. Израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер, исто така, предупреди дека Израел ќе продолжи да го таргетира Хамас „каде и да е“. Тој во изјава за Фокс њуз синоќа изјави дека „доколку израелската војска промаши некои цели за време на нападот во Доха, ќе ги погоди следниот пат“.