Премиерот на Непал, КП Шарма Оли, денес поднесе оставка откако демонстрантите на протестите што избувнаа поради блокирањето на социјалните мрежи, кое беше укинато рано утрово, му ја запалија куќата, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на соопштение од кабинетот на премиерот. Полицијата употреби солзавец за да ја растера протестната толпа, објави Хималаја њуз, и иако властите соопштија дека на безбедносните сили им е наложено да се воздржат од напади и дека не е дозволена боева муниција, имаше извештаи за повреди од огнено оружје и куршуми.