Јутјуб се согласи да плати 22 милиони долари за да ја реши тужбата поднесена од Доналд Трамп откако неговиот профил беше суспендиран по нападот врз Капитол на 6 јануари 2021 година, покажуваат судските документи објавени во понеделникот, пренесува Еј-би-си. Веб -страницата за споделување видеа е една од онлајн платформите што постигна спогодба со американскиот претседател, … САД: Јутјуб се согласи да плати 22 милиони долари за да ја реши тужбата поднесена од Трамп Read More » САД: Јутјуб се согласи да плати 22 милиони долари за да ја реши тужбата поднесена од Трамп Read More » Јутјуб се согласи да плати 22 милиони долари за да ја реши тужбата поднесена од Доналд Трамп откако неговиот профил беше суспендиран по нападот врз Капитол на 6 јануари 2021 година, покажуваат судските документи објавени во понеделникот, пренесува Еј-би-си. Веб -страницата за споделување видеа е една од онлајн платформите што постигна спогодба со американскиот претседател, по Мета и Икс (Твитер). Адвокатот на Трамп истакна дека износот ќе биде исплатен во фонд кој главно ја финансира изградбата на џиновската сала за балови што републиканецот сака да ја додаде во Белата куќа. На 12 јануари 2021 година, Јутјуб ја суспендираше сметката на Трамп, објаснувајќи дека американскиот претседател ги прекршил прописите на платформата повикувајќи ги своите поддржувачи да учествуваат во демонстрации за да го оспорат резултатот од претседателските избори во 2020 година. На 6 јануари, стотици демонстранти го нападнаа Капитол во знак на протест против потврдувањето на победата на Џо Бајден.