Надзорникот за безбедност и управување со интернетот „NetBlocks“ соопшти дека Авганис Надзорникот за безбедност и управување со интернетот „NetBlocks“ соопшти дека Авганистан се соочува со целосен прекин на интернетот од вчера, бидејќи талибанските власти презедоа, како што го нарекоа, мерки за „спроведување на моралот“, објави „BBC“. Телевизиските мрежи што претходно емитуваа онлајн повеќе не се достапни на сателитските мрежи, додека каналите контролирани од талибанците, како што се Радио телевизија на Авганистан (RTA), „Ma'rif“ и „RTA Sport“, сè уште се достапни, објави „Afghanistan International“. Според извештаите на медиумите, летовите од аеродромот во Кабул, исто така, се прекинати.