Фото: ЕПА / Илустрација Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека се договорил со американскиот претседател Доналд Трамп да соработуваат за зајакнување на воздушната одбрана на Украина.
Откако „големиот, прекрасен“ закон тесно го усвои Сенатот, изменетата верзија беше испратена до Претставничкиот дом на гласање, а како што пишува АП, републиканците се соочуваат со предизвици во обидот да го усвојат пакетот за намалување на даноците и буџетот на претседателот Доналд Трамп, кој инсистира законот да биде усвоен до 4 јули.Усвојувањето на законот беше обележано со бројни пречки, од кои најзначајна беше несогласувањето меѓу самите републиканци, а гласањето, кое започна во среда навечер, беше продолжено до денес бидејќи неколку републиканци одбија да го поддржат законот.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е разочаран од телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи, како што посочи, се чини дека тој не сака да ја запре војната во Украина.
🎥 ТРАМП Е РАЗОЧАРАН ОД ПУТИН Денеска ќе разговара и со Зеленски Трамп рече дека телефонскиот повик со Путин не довел до никаков напредок во напорите за завршување на војната во Украина.