Русија разговараше со американскиот државен секретар Марко Рубио за отстранување на заканите кон Русија кои произлегуваат од обидите Украина да се вклучи во НАТО, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во денешното обраќање во руската Дума.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој во моментов се обраќа во руската Дума, изјави дека Русија разговарала со американскиот државен секретар Марко Рубио за „отстранување на заканите кон Русија“ кои, според него, произлегуваат од обидите за вклучување на Украина во НАТО, јави Би-Би-Си. – Треба да ги отстраниме сите закани за Русија кои беа создадени со обидите да се вовлече Украина во НАТО,“рече Лавров.