„Поминавме многу месеци одговарајќи на прашања за овој автомобил и знаеме колку е голема побарувачката за прифатливи електрични автомобили во Европа“, изјави извршниот потпретседател на BYD, Стела Ли. „Уверени сме дека Dolphin Surf, со својата мешавина од оригинален дизајн, практична корисност, димензии подготвени за град, живи перформанси и супериорна технологија, ќе им се допадне на клиентите кои сакаат возило кое е лесно за движење низ градот, но не прави компромис со карактеристиките“, рече Ли. „Галеб“, чија почетна цена е околу 8.600 евра, беше најпродаван целосно електричен автомобил во Кина во април со обем од 55.028 возила, според Кинеската асоцијација на патнички автомобили. Pari