Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека оваа недела ќе издаде нови упатства за продолжување на војната во Појасот Газа, бидејќи расте притисокот врз неговата влада да го прекине конфликтот и да ги ослободи заложниците земени од Хамас на 7 октомври 2023 година.
Се очекува денеска во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел, по месеци строго ограничен пристап до хуманитарна помош и стока до палестинската енклава, објави египетската телевизиска станица Ал-Кахера њуз.
Илјадници луѓе во Израел демонстрираа доцна синоќа барајќи ослободување на сите заложници што сè уште се држат во Појасот Газа.
Западните лидери ги осудија видеата од ослабените израелски заложници снимени од нивните киднапери во Газа, а Црвениот крст повика на пристап до сите што останаа во заробеништво, пренесува Би-би-си. Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Лами, изјави дека „сликите од парадирање на заложници за пропаганда се одвратни“ и дека тие мора да бидат ослободени „безусловно“.Германскиот канцелар Фридрих Мерц рече дека е „згрозен“ од сликите, додавајќи дека ослободувањето на сите заложници е задолжителен предуслов за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.