Шведскиот премиер, Улф Кристерсон, се најде на удар на критики откако призна дека редовно се консултира со алатки базирани на вештачка интелигенција за да добие „второ мислење“ во неговата улога како лидер на државата, пренесува „Гардијан“.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон се најде под критики откако призна дека редовно користи алатки за вештачка интелигенција (ВИ) како „второ мислење“ во своите должности.Кристерсон, чија Умерена партија ја предводи централно-десничарската коалициска влада на Шведска, рече дека користи алатки како што се ChatGPT и француската услуга LeChat, објавува Гардијан.