Под слоганот „Вкуси го моментот, искуси ја авантурата“, изминатиот викенд во винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци се одржа петнаесеттото издание на Фестивалот на младо вино – еден од најпрестижните настани во регионот, посветени на виното и винската култура со кој оваа година го прославуваме секој момент на уживање и авантури кои ги раскажува виното и ги доживуваат оние кои го уживаат.
И годинава, на настанот за кој цела година се зборува и со нетрпение се очекува, присуствуваа голем број пријатели, соработници и партнери на „Тиквеш“ од земјава, целиот регион и пошироко, со што придонесоа во градењето на автентичната винска култура и традицијата на евалуација на виното од најновата берба во нашата земја, по примерот на останатите земји – големи производители на вино во светот. Fokus