Под слоганот изминатот викенд во винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци се одржа петнаесетото издание на Фестивалот на младо вино – еден од најпрестижните настани во регионот, посветени на виното и винската култура со кој оваа година го прославуваме секој момент на уживање и авантури кои ги раскажува виното и ги доживуваат оние кои го уживаат.
И годинава, на настанот за кој цела година се зборува и со нетрпение се очекува, присуствуваа голем број пријатели, соработници и партнери на „Тиквеш“ од земјава, целиот регион и пошироко, со што придонесоа во градењето на автентичната винска култура и традицијата на евалуација на виното од најновата берба во нашата земја, по примерот на останатите земји – големи производители на вино во светот. Plusinfo
И не било каква трага.
Она што го правиме е на ниво на најдоброто во светот. Faktor
Покрај во доброто вино и вкусната храна, гостите на годинешниот Фестивал на младо вино во „Тиквеш“ можеа да уживаат и во богата забавна програма за која се погрижија младите џез музичари од музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, виртуозот на гитарата маестро Влатко Стефановски, српскиот музичар Дејан Петровиќ и неговиот Биг-бенд, како и диџејот Марко Минт.
Следејќи го искуството од претходните години и овој Фестивал на младо вино имаше добротворен карактер. Faktor